Погребната миса за јужноафриканскиот надбискуп и борец против апартхејдот Дезмонд Туту се одржа денеска во англиканската катедрала во Кејптаун. Добитникот на Нобеловата награда за мир Туту, кој помогна во окончувањето на апартхејдот во Јужна Африка, почина на 26 декември на 90-годишна возраст. Тој сакаше едноставна погребна церемонија и сам ги избрал текстовите и говорниците.
Илјадници луѓе му оддадоа последна почест на починатиот надбискуп во катедралата Свети Џорџ, каде што неговото тело беше изложено неколку дена во едноставен ковчег.
Дезмонд Туту беше движечка сила на движењето на окончување на политиката на расна сегрегација и дискриминација врз белото малцинство против црното мнозинство во Јужна Африка од 1948 до 1991 година.