Минатата година најголемо учество во производството на електрична енергија во Европа имаа обновливите извори – 35 отсто, потоа фосилните горива со 32 отсто и нуклеарната енергија со 23 отсто
Иако ветерот и сонцето во 2023 година за првпат произведоа повеќе електрична енергија во Европа од другите форми на енергија, речиси една четвртина од потрошувачката на земјите од Европската Унија не го продолжи тој тренд во 2024 година.
Европската Унија веќе не произведува електрична енергија како пред две децении. Според податоците на аналитичката фирма ЕМБЕР, во 2023 година најголемо учество во производството на електрична енергија во цела Европа имаа обновливите извори со 35 отсто, потоа фосилните горива со 32 отсто и нуклеарната енергија со 23 од 32 отсто во 2020 година, додека производството на електрична енергија од јаглен падна на 12 од 30 проценти во 2020 година.
И покрај климатските обврски на Европа, неколку земји, вклучувајќи ги и Италија, Германија и Велика Британија, за производство на електрична енергија во добар дел сè уште се потпираат на гасот. Во текот на годинава Германија ги објави плановите за изградба на нови електроцентрали на гас подготвени за водород за да помогне постепено да се исфрла јагленот до 2030 година, одлука што наиде на критики од некои невладини организации чии програми се поврзани со животната средина.
Сепак, планот беше напуштен поради недостигот од политичка поддршка по падот на коалициската влада, па предлогот остана неизгласан во парламентот, потврди портпаролот на министерството на прес-конференција за јавноста.
Цените на големопродажбата на електрична енергија низ Европа остануваат повисоки од предвоените нивоа во Украина, иако тие значително паднаа од својот врв во 2022 година, кога конфликтот ги наруши глобалните енергетски пазари. Во ноември цените го достигнаа своето највисоко ниво во последните месеци, како одраз на тековните пазарни промени.
Според Килијан О’Доногју, директор за политика во „Еурелектрик“, се забележува добар напредок во однос на цените. Тој смета дека во иднина, бидејќи има повеќе обновливи извори во системот, ќе видиме некакво дополнително намалување на цените.
Во 2023 година, 24,5 отсто од бруто-потрошувачката на финална енергија во ЕУ доаѓа од обновливи извори, што е за 1,4 отсто повеќе од 2022 година, објави порталот „Евростат“. Тоа е за 18 отсто помалку од исполнувањето на целта за 2030 година (42,5 отсто), што би барало просечен годишен пораст од 2,6 отсто од 2024 до 2030 година, според „Евростат“.
Шведска е рангирана на прво место меѓу земјите на ЕУ, со две третини (66,4 отсто) од нејзината бруто-потрошувачка на финална енергија во 2023 година од обновливи извори. Финска е следна со 50,8 отсто, додека Данска е на третото место со 44,9. Луксембург (11,6 отсто) и Белгија (14,7 отсто) забележаа најмал удел на обновливи извори на енергија. С.Т.