Фото: Принтскрин

Момчето Рајан Аврам од Мароко, кое во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, а спасувачите вечерва го извадија, не преживеа, јавија локалните медиуми.

Според светските медиуми, смртта на петгодишното дете е потврдена од официјални лица.

Спасувачите вечерва го извадија 5-годишното дете кое беше заглавено во бунар на ридовите во близина на Шефшауен во Мароко.

Работниците со механички копачи деноноќно се обидуваа да го спасат детето. Комплексната операција траеше со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.

Фотографиите на мароканските медиуми, пред да биде изваден, покажуваа дека Рајан е стуткан на дното на неупотребуваниот бунар, кој се стеснува кон дното, спречувајќи ги спасувачите да се спуштат.
За животот на Рајан се молеше целиот свет.