Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинската контраофанзива е започната, а тоа се гледа од употребата на стратешките резерви.
– Можеме да кажеме апсолутно јасно дека украинската офанзива започна. За тоа сведочи користењето на стратешките резерви – рече Путин.
Тој додаде дека сите контраофанзивни обиди на вооружените сили на Украина не успеале, но офанзивен потенцијал постои.
Путин изјави дека украинската армија претрпела значителни загуби во изминатите денови.