Почна средбата на австрискиот канцелар Карл Нехамер со неговиот руски колега Владимир Путин, јавуваат австриските медиуми.
Нехамер е првиот лидер на земја-членка на ЕУ кој се среќава со Путин откако Русија ја нападна Украина.
Австрија, која не е членка на НАТО, одржува прилично срдечни дипломатски односи со Русија со децении и често се обидува да се прикаже како посредник меѓу руските и европските интереси, посочува Би-Би-Си.
Пред состанокот, Нехамер рече дека целта на разговорите е да се промовира дијалогот меѓу Москва и Киев. Тој во саботата ја посети Украина.