Фото: Пиксабеј

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека почина Сара Бекстром, припадничка на Националаната гарда, која беше застрелана во близина на Белата куќа.

-Сара Бекстром од Западна Вирџинија, еден од припадниците на Националната гарда за кои зборуваме, многу почитувана, млада, прекрасна личност… Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас – истакна Трамп.

Додека другиот припадник на Националната гарда е повреден, како и напаѓачот.

Трамп посочи дека напаѓачот „скапо ќе плати“ за своето дело.

Поради инцидентот Бела куќа воведе најстрогите безбедносни мерки, а Трамп најави протерување на имигрантите.