Ози Озборн, фронтменот на бендот Black Sabbath, почина на 77-годишна возраст, објави Гардијан.
– Со поголема тага отколку што можат да се пренесат зборови, принудени сме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој момент – објави неговото семејство.
Не е наведена причина за смртта, иако Озборн имаше разни здравствени проблеми во последните години.
Пред помалку од три недели тој се пензионираше од сцената.
На 5 јули, Осборн се соедини со членовите на оригиналните Black Sabbath за првпат од 2005 година за „Назад кон почетокот“ – проштален концерт со некои од најголемите имиња на хеви-металот.
Роден е како Џон Мајкл Озборн во 1948 година во Бирмингем, син на фабрички работници.