фото: Официјална фејсбук-страна на брендот на Вивиен Вествуд

Модната дизајнерка Вивиен Вествуд почина денеска на 81-годишна возраст, а веста ја пренесоа официјалните социјални профили на британската дизајнерка, која важи за кралица на панк-стилот.

Родена во Тинтвистл во 1941 година, во 1960-те години со своите иновации во модниот свет направи големи промени.

Вествуд посебно дојде до израз на модната сцена во 1970-тите, со нејзините андрогини дизајни, маици со слоган и пркосен однос кон естаблишментот. Таа беше позната како постојан активист и на модната писта застапуваше каузи во кои веруваше, како борбата против климатските промени.