Израелската армија денеска објави дека се враќа кон прекин на огнот во Појасот Газа откако претходниот ден изврши напади врз „десетици“ цели.
– По серијата напади во кои беа погодени десетици терористички цели и терористи, армијата продолжи да го спроведува прекинот на огнот – се наведува во соопштението.
Како што беше додадено, 30 лидери на вооружени движења што дејствуваат на палестинската територија беа цел на нападите
Израелската армија истакнува дека палестинското движење Хамас беше првото што го прекрши примирјето.




































