Планетата се приближува до третата светска војна, но во таа војна нема да има победници, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
– Сосема е очигледно дека е започната целосна хибридна војна против нашата земја – рече Медведев.
Тој истакна дека „американските и европските господари на Украина силно ги пумпаат руските непријатели со смртоносно оружје од секаков вид – пренесува „Н1“.
– Всушност, тие ја водат целата ситуација во трета светска војна, во глобална катастрофа во која, како што знаете, нема победници – рече Медведев во обраќањето на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.