Првата дама на Турција, Емине Ердоган, испрати писмо до Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател, во кое бара таа да заложи и да покаже исто сочувство кон децата и цивилите во Појасот Газа, како што покажа, како шти вели, кон жртвите од војната во Украина, пренесоа светските новински агенции.
Емине Ердоган бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со премиерот на Израел и да се заземе за децата во Појасот Газа.
Меланија Трамп претходно испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое изрази загриженост за киднапираните украински деца.
– Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца ќе биде покажана и за Газа – пишува Емине Ердоган до првата дама на САД, додавајќи оти во Појасот Газа за две години загинале повеќе од 62.000 цивили од кои 18.000 деца.
Таа во писмото наведува дека „во Појасот Газа не се случува само геноцид, туку и неправда во меѓународниот поредок, кој ги цени животите на некои луѓе повеќе од другите“.
– Како мајка, жена и човечко суштество, длабоко сочувствувам со емоциите што ги изразивте во вашето писмо. Се надевам дека ќе имате иста надеж за децата од Газа – истакнува Емине Ердоган.
Белата куќа сè уште не го коментирала писмото на првата дама на Турција.