Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вели дека привремениот лидерски совет, формиран по убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи, ја започнал својата работа, пренесува МИА.
– Привремениот лидерски совет ја започна својата работа… ние ќе продолжиме со сета наша сила по патот што го постави Имам Хомеини – основачот на Исламската Република, вели Пезешкијан, во снимена видео изјава емитувана на државната телевизија.
Тој додава дека војската на Исламската Република „силно ќе ги уништи непријателските бази“.































