Премиерот Виктор Орбан ни честиташе телефонски за нашата победа, објави лидерот на опозициската Тиса, Петер Маѓар, кој води по денешните парламентарни избори во Унгарија.
На обработени над 60 отсто од гласовите, партијата на Маѓар би имала 136 пратеници, додека Фидес на Орбан 56. Во парламентот се очекува да влезе и ултрадесничарската партија Наша татковина која би била единствената помала партија што ќе го надмине потребниот праг од 5% освоени гласови. Виктор Орбан е на власт во Унгарија 16 години.
„Благодарам, Унгарија!“, напиша Петар Маѓар на социјалните мрежи.
Поддржувачите се насобрани во центарот на Будимпешта и слават.
































