Шведската полиција денеска соопшти дека пет лица биле застрелани во едукативен центар за возрасни во шведскиот град Еребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм – објавија светските агенции.
Властите соопштија дека опасноста не поминала и ја повикаа јавноста да не се приближува до објектот.
– Извештаите за насилство во Еребро се многу сериозни. Полицијата е на местото каде што се случило пукањето и операцијата е тек. Владата е во близок контакт со полицијата и внимателно ја следи ситуацијата – изјави шведскиот министер за правда Гунар Штромер за шведска новинска агенција.