Поради санкции од Западот, Русија никогаш нема да го смени својот став околу Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека, иако почнаа преговорите меѓу Москва и Украина, нема планови за разговори меѓу претседателите на двете земји,јавија руските медиуми.
Песков ги отфрли обвинувањата дека на удар на руските сили во Украина се цивилни цели, како и дека користат касетни и вакум бомби.