Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, Москва тргнува од претпоставката дека лидерите прво ќе имаат приватен разговор.
– Сега се чини дека на него ќе учествуваат и помошници. Потоа ќе има преговори во рамките на делегациите, евентуално во формат на работен ручек. Потоа лидерите ќе се разотидат некое време, а потоа ќе се соберат на заедничка прес-конференција. Па, генерално, може да се замисли дека, се разбира, ќе бидат потрошени најмалку 6-7 часа за ова – рече Песков.
Како што додаде, руската страна очекува средбата меѓу Путин и Трамп во Алјаска да заврши продуктивно.
Американскиот претседател Доналд Трамп лично ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин откако неговиот авион ќе слета во Алјаска, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.