Руската војска го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Доњецк, што го нападна пред околу една година, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин е информиран за новата ситуација на теренот, додека засега нема потврда од Киев.
Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков.
Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз рече дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред денешната најавена посета на американскиот специјален етставник Стив Виткоф на Москва, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.



































