Москва ќе одговори соодветно ако Киев продолжи со обидите да ја нападне Русија за време на Денот на примирјето во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
– Секако, иницијативата на претседателот Владимир Путин за привремен прекин на огнот за време на празникот е актуелна. И соодветните инструкции беа дадени од Врховниот командант. Но, тука сакам да ве потсетам на нашиот став. Огнот ќе престане, но ако режимот во Киев не обезбеди реципроцитет, а обидите за напад врз нашите позиции или нашите објекти продолжат, тогаш веднаш ќе следи соодветен одговор – рече Песков на прес-конференција.
Тој додаде дека продолжува соработката на Русија со Соединетите Американски Држави во преговорите за мирно решение на украинската криза.