Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека привремената суспензија на американската воена помош за Киев е најдобар придонес за постигнување на мир во Украина.

– Ако САД престанат да бидат (воени снабдувачи на Украина) или ги суспендираат испораките, тоа најверојатно ќе биде најдобриот придонес за мирот. Останува да се видат деталите – посочи Песков.

Тој се осврна и на повторно воспоставување на билатералните односи Вашингтон – Москва, истакнувајќи оти „нормализацијата“ на односите мора да доведе до укинување на американските санкции кон Москва.

– Се разбира, ако зборуваме за нормализација на билатералните односи, овие односи треба да се ослободат од негативниот товар, како што се санкциите – наведе Песков.

По првите руско-американски разговори во Саудиска Арабија на 18 февруари, Москва и Вашингтон соопштија дека работат на повторно воспоставување економски и енергетски односи, особено на Антарктикот и Вселената.