Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека средбата на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија, САД и Украина е откажана бидејќи не се согласуваат за клучните прашања.
– Колку што разбравме, тие сè уште не успеале да ги премостат разликите во неколку точки, поради што средбата не се одржа – наведе Песков.
Разговорите во Лондон на министерско ниво беа откажани откако американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека не може да присуствува. Но, разговорите ги водат советници за национална безбедност од Велика Британија, Франција и Германија, заедно со претставници од САД и Украина.
Песков посочи дека Русија во моментот нема дијалог ниту со Европа нити со Украина, а одржува контакт со САД.
Го продолжуваме дијалогот, посебно со САД. Но, има многу сложени и деликатни прашања кои бараат усогласување пред да може да се постигне значаен напредок, истакна Песков.