Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев има желба да го врати Крим „со невоени средства“ официјална Москва ја сфаќа како дискусија за отуѓување на руските територии, што е целосно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– За нас ова не е ништо повеќе од дискусија за отуѓување на руска територија и тоа поинаку не може да се разбере. Тоа не доаѓа предвид, одговори Песков на барање на новинарите да ја коментира изјавата на Зеленски – пренесе Тасс.
Украинскиот претседател претходно изјави дека Киев е подготвен да ги разгледа опциите за невоено враќање на Kрим, но повика „да не се губи време“ на опции што не предвидуваат, како што наведе, „деокупација на полуостровот”.
Во интервју за Фајненшл тајмс, Зеленски изјави дека доколку решението не предвидува деокупација, а според тоа решение Крим е дел од Русија, никој не треба да губи време на тоа, пишува „Украинска Правда“.
– Ваквите изјави уште еднаш укажуваат на неподготвеноста и неспособноста на украинската страна, што не покажува волја проблемот да се реши со невоени методи – рече Песков.