Фото: Песков/принтскрин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Европа „нурна во милитаризација“ и стана „страна во војна“, тврдејќи дека Москва и Вашингтон сакаат мирно решавање на конфликтот.

– Секој ден слушаме полно сигнали од Брисел. Главните сигнали кои пристигаат од Брисел и европските престолнини се однесуваат на плановите за милитаризација на Европа, што очигледно е во спротивност со расположението на претседателите на Русија и на САД да бараат пат кон мирно решение – наведе Песков.

Русија во 2014 година го анектира украинскиот полуостров Крим, а пред три години ја нападна Украина, што предизвика најголем вооружен судир во Европа од Втората светска војна.