Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не може да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, не е можно“, беше одговорот на Песков на новинарско прашање дали Ердоган може да посредува во разговорите меѓу Москва и Киев, но потврди дека на вчерашната средба меѓу Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин „станало збор за Украина“.
Путин и Ердоган разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Казахстан.
-И покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор – рече Путин.