Фото: Пиксабеј

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека персоналот на четири медиуми – Њујорк тајмс, Националното јавно радио (НПР), Ен-би-си и веб-страницата Политико – ќе бидат преместени од нивните канцеларии во Пентагон до 14 февруари.

Наместо тие медиуми, во канцелариите на Пентагон ќе бидат сместени вработени од Њујорк пост и други медиуми, се вели во соопштението.

Се нагласува дека во иднина секоја година низ канцелариите во Пентагон ќе ротираат по едно печатено издание, онлајн издание, телевизија и радио.