Фото: Пиксабеј

Со војната во Украина ослабнати се како вооружените сили на Русија така и руската држава, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби, а во пресрет на средбата на сојузниците и партнерит по НАТО во Германија што се одржува денеска.

-Армијата (на Русија) стана послаба. Државата исто така стана послаба и сега уште повеќе се изолира-изјави Кирби во интервју за Си-ен-ен.

Додаде дека САД сакаат Русија во иднина да на може да биде закана за своите соседи.

-Руската економија е во тешка ситуација. Незините вооружени сили се истоштени во многу погледи, не целосно, но безусловно (Русија) изгуби многу свои војници и претрпи загуби во оваа инвазија на Украина-изјави тој.

Кирби не сакаше да даде подетална нфрормација за состојбата на руските вооружени сили.