Поранешната министерка за европски прашања на Бугарија Гергана Паси во врска со одлуката на Софија да протера 70 руски дипломатски претставници и одбиениот ултиматум на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова за Еуроњуз Бугарија изјави дека нејзината земја добила целосна поддршка од НАТО и од високиот претставник за надворешни работи на ЕУ и дека е целосно во согласност со меѓународното законодавство, Виенската конвенција и националните интереси на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Паси смета дека овие 70 вработени во руската амбасада во Софија, без разлика дали имаат дипломатски или технички статус, практично се воени единици под дипломатско покритие.
-А, очигледно одлуката на премиерот и владата на Бугарија одговара на националниот интерес и безбедноста на државата – истакна таа.
Гергана Паси изјави дека нема сомнеж дека оваа одлука е исправна и нема да има поголема грешка од чекор назад, а премиерот во оставка Кирил Петков даде многу јасен сигнал дека нема такви намери.
Во недела истекува рокот што бугарските власти им го дадоа на 70 руски дипломати, меѓу кои и технички персонал, да ја напуштат Бугарија бидејќи „биле вмешани во шпионажа“.