Фото: Маја Јаневска-Илиева

Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците, изјави денеска папата Франциск.

– Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство. Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството кое сите сакаме да се случи – порача папата.

Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

– Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден – рече папата Франциск.