Рускиот претседател Владимир Путин, поради пандемијата на коронавирусот, денеска на празникот Богојавление нема да се нурне во ледената вода, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека претседателот на Русија ги послушал препораките на претставниците на црквата и дека нема да оди на Богојавленската бања, пренесува РИА Новости.
Путин традиционално се нурнува во ледената вода на Богојавление.
На Богојавление, верниците го слават денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, а на тој празник илјадници луѓе во Русија се капат во студените реки и езера.