Мансур Абас, лидер на Обединетата арапска листа (УАЛ), изјави во Кнесетот дека е во интерес на Израел Ал Џезира да продолжи да емитува програма.
Друг член на УАЛ, Иман Хатиб-Јасин, рече дека новиот закон дополнително го стеснува просторот за демократија во Израел.
Пратениците се во малцинство во израелскиот парламент, во кој доминираат десничарските и централнодесничарските партии.
Израелскиот парламент денеска го одобри законот кој дозволува да се затворат радиодифузерите од странство доколку се смета дека претставуваат ризик за државната безбедност.
Според законот, министерот за комуникации Шломо Кархи може да нареди затворање на телевизиски радиодифузер, конфискација на опремата за емитување, отстранување на радиодифузерот од програмите на провајдерите на кабелска и сателитска телевизија и блокирање на неговата веб-страница.
Кусо време откако израелскиот Кнесет го одобри законот за непријателски медиуми, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека ќе преземе „итна акција“ за да го запре емитувањето на катарската телевизија „Ал Џезира“ во Израел.
– Терористичкиот канал Ал Џезира повеќе нема да емитува програма од Израел. Имам намера веднаш да преземам итна акција согласно новиот закон за да се запре работата на телевизијата во Израел – напиша Нетанјаху на Х.