Израелската армија соопшти дека во тек е напад врз инфраструктурата на Хамас во областа на бегалскиот камп Нусејрат во Појасот Газа.
Министерството за здравство на палестинската енклавата, пак, објави дека има десетици мртви и ранети, пренесува БТА.
Палестинските здравствени власти соопштија дека многу жртви и ранети, меѓу кои и деца, се донесени во болницата Ал Акса во Газа.
– Десетици повредени лежат на земја и медицинските тимови се обидуваат да ги спасат со достапните медицински ресурси што им се на располагање – објавија палсетинските власти на Фејсбук.