Новинарите на турскара државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од по 630 американски долари.
Четворицата новинари се обвинети за емитување на погрешни информации за Египет.
Египетското Министерство за внатрешни работи оцени дека дописништвото на „Анадолија“ е фасада за базата на хакери, чија цел е емитување лажни вести. Според нив, новинарите давале погрешна слика за Египет.
Египетската полиција пред два дена уапси тројца египетски и еден турски државјанин кои работат за Анадолија, во главниот град на Египет.