Ерик Шнајдерман, главниот обвинител на Њујорк поднесе оставка откако четири жени го обвинија за физичко насилство.

Шнајдерман истакна дека на него било голема чест и привилегија да работи како главен обвинител. Тој категорично ги отфрли обвинувањата, но изјави дека тие му пречат соодветно да си ја извршува работата и поради тоа поднесува оставка.

Списанието „Њујоркер“ објави за наводно насилство врз четири жени со кои Шнајдерман бил во романтични врски. Две од жените тврдат дека тој неколкупати ги тепал и оти често бил пијан.

По таквите тврдења, гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо го повика Шнајдерман да поднесе оставка.