Унгарската влада нема да го поддржи седумгодишниот буџет на ЕУ се додека Брисел не ги деблокира сите суспендирани европски средства, изјави премиерот Виктор Орбан.
„Усвојувањето на нов седумгодишен буџет бара едногласно одобрување и се додека не ги добиеме преостанатите (замрзнати) средства, нема да има нов буџет“, рече Орбан на универзитетот во романскиот град Баиле Туснад.
Европската комисија неодамна предложи буџет за периодот од 2028 до 2034 година од два трилиони евра, со акцент на одбраната и конкурентноста на економијата.
– Овој буџет би ја уништил Европската унија. Не верувам дека ваков вид буџет ќе преживее до следната година – рече Орбан во изјава за унгарското радио Кошут.
Денеска, тој ја критикуваше и ЕУ за поддршката на Украина и го обвини Брисел дека сака да инсталира „проукраинска и пробриселска влада“ во Унгарија на изборите следната година.
Тој оцени дека сегашното раководство на ЕУ го води блокот во насока на трговска војна во која Европа „не може да ја добие“.
Тој повторно ги обвини „глобалистичките бирократи“ дека сакаат да извлечат пари од Европа за Украина, наведувајќи дека буџетот за новиот седумгодишен период предвидува и отворени и скриени средства за процесот на пристапување на Украина во ЕУ, иако се уште не е донесена официјална одлука за нејзиното членство.