Фото: Фејсбук/Виктор Орбан

Конфликтот во Украина може да заврши во 2025 година, но на два различни начини, или со мировен договор или со уништување на една од страните во конфликтот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува „РТС“.

САД и ЕУ заедно потрошија околу 300 милијарди евра за украинската војна, рече тој во интервју за Маѓар Немзет.

Со тие пари тој би можело да се постигне брзо зголемување на животниот стандард во цела Европа, смета Орбан.

– Можевме да го доведеме целиот Балкан на ниво на европски развој. Би можеле да ја зауздаме миграцијата, би можеле да изградиме сосема нов европски одбранбен систем. Но, тие пари беа изгорени. Резултатот? Една петтина од територијата на Украина е под окупација, стотици илјади луѓе загинаа, стотици илјади се осакатени и повредени, а стотици илјади останаа вдовици и сираци. Во меѓувреме, милиони ја напуштија Украина, чија инфраструктура, транспорт и енергетски системи се уништени до темел, а земјата не е во состојба економски да се одржи во догледна иднина – рече Орбан.