Безбедна и мирна Унгарија е гаранција за стабилна иднина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој сподели видеоснимка во која Даниел Шандор Ковач, градоначалник на општината Геберјен и пратеник во Собранието на жупанијата Саболч-Сатмар-Берег, зборува за тоа како сега се живее во безбедна и мирна Унгарија, пренесува „Маѓар немзет“.
Според градоначалникот на Геберјен, една од најважните мерки на националната влада била антимиграциската политика и поставувањето на граничната ограда, која гарантира мирен секојдневен живот.
Даниел Шандор Ковач, говорејќи за руско-украинската војна, изјави дека мирот може да се постигне брзо доколку на мировната коалиција која се формира на глобално ниво ѝ се даде што поголема тежина и доколку лидерите на западноевропските земји конечно сфатат дека мирот може да се постигне само на тој начин.
Антивоени митинзи беа одржани пред полни сали на сите локации, што јасно покажува дека многу луѓе застануваат зад ставот за мир, наведува весникот. Врв на настанот беше појавувањето на Орбан, кој секојпат даваше детална проценка на надворешнополитичката и внатрешнополитичката ситуација.































