Бројот на луѓе кои ја напуштија Украина поради воениот конфликт надмина шест милиони, во најтешката бегалска криза во Европа од крајот на Втората светска војна, соопшти денеска агенцијата за бегалци при ОН.
Конфликтот што почна на 24 февруари, предизвика повеќе од осум милиони луѓе да се внатрешно раселени во Украина, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната организација за миграција.
Податоците на ОН, исто така, покажуваат дека до вчера – 6,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина, а повеќето бегалци преминале во Европската Унија преку граничните премини во Полска, Словачка, Унгарија и Романија.
Над 3,3 милиони луѓе, главно жени и деца, ја преминале границата со Полска.
Полската влада проценува дека околу половина би можеле да останат во земјата на долг рок, што е дополнителен предизвик за пазарот на недвижности, образованието и здравствениот систем.