Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги обвини Обединетите нации за, како што рече, „стратешко молчење“ по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран, пренесе МИА.
-Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се ‘задуши’ – изјави Захарова.
-Може да се пушти бел шум. Како што велеа во ЕУ? Потсетувам: ‘стратешка тишина’ – додаде таа.
Иранските власти тврдат дека САД и Израел на првиот ден од воената операција погодиле училиште во градот Минаб, на југот на Иран, при што загинале 168 деца.
Американските власти, пак, соопштија дека е отворена истрага за случајот.
































