Обединетите нации (ОН) се „подготвени да одговорат на секој повик од земјите-членки“ за распоредување полициски сили во Газа, изјави во средата заменик-генералниот секретар на ОН за мировни операции Жан-Пјер Лакроа.
-Доколку надлежните органи не поканат да помогнеме, секако дека ќе дадеме се од себе – рече тој, одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на ОН во Њујорк.
Посочувајќи ги многуте прашања во врска со распределбата на помошта во Газа, Лакроа истакна дека бројот на грабежи е во пораст.
Тој ја нагласи потребата да се најде решение за овие проблеми, наведувајќи дека една од опциите може да биде и вклучување на трета страна.
Лакроа рече дека е неизвесно дали таа трета страна ќе бидат ОН, додавајќи дека ќе бидат потребни одредени процеси за вклучување на мировниците на ОН и дека Советот за безбедност на ОН е дел од тој процес.