Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека потврдила 1.424 цивилни жртви од почетокот на воениот конфликт меѓу Русија и Украина пред две недели.
Канцеларијата за човекови права на ОН прецизира дека 516 луѓе се убиени, а 908 се повредени, но дополнува дека верува дека реалните бројки се „значително повисоки“.
Канцеларијата посочува дека повеќето жртви биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади.
Во извештајот се додаваат ажурираните бројки од градовите Волноваха, додека од Мариупол и Изиум се уште се потврдуваат по наводите за стотици цивилни жртви.
Русија негира дека целела цивили за време на воената операција на Украина.