Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) денеска објави извештај во кој се тврди дека палестинските затвореници во израелските затвори се мачени и малтретирани.
Во извештајот се наведува дека во израелските затвори има повеќе од 9.400 затвореници, од кои некои се држат во тајност, без пристап до адвокати и без почитување на нивните законски права, и дека многумина се изложени на електрошокови, забрана за спиење и други форми на тортура и лошо постапување.
Извештајот, што се темели на интервјуа со поранешни затвореници и други извори, го осудува „неверојатниот број на затвореници“, вклучувајќи мажи, жени, деца, новинари и бранители на човекови права… заклучувајќи дека таквите практики предизвикуваат загриженост за политиката на произволно притворање.
-Сведоштвата собрани од мојата Канцеларија укажуваат на низа ужасни дејствија, како што се мачење со вода и пуштање кучиња врз затворениците, што се примери на флагрантно кршење на меѓународното право, човековите права и меѓународното хуманитарно право – рече претседателот на ОХЦХР, Волкер Турк.
Наодите од извештајот би можеле да ги користат обвинителите на Меѓународниот кривичен суд.