Фото/Илустрација: Пиксабеј

Огромна карпа се откинала на автопатот над Дубровник, Хрватска, и паднала врз комбе, известија хрватските медиуми. Сообраќајот на автопатот беше запрен, а сите надлежни служби излегоа на терен. Од дубровничката полиција потврдуваат дека едно лице го загубило животот, а останатите патници се повредени.

-Утрово околу 7 часот и 30 минути на државниот пат Д-8 над Дубровник, возило со дубровнички регистарски таблички, кое се движело од правец на Жупа дубровачка кон Дубровник, под се уште неутврдени околности се превртело на покривот. Едно лице починало на местото на настанот, а друго лице поради здобиените повреди е пренесено во дубровничката болница каде и е укажана лекарска помош. Сообраќајот е целосно затворен и се движи по алтернативен пат преку Комолац и Бргат. Ќе следи увид на лице место, која ќе ја води заменик општинскиот државен правобранител – се вели во соопштението.

Сообраќајот е затворен на главниот пат, па сообраќајот, како и на другите правци преку Бргат и Комолац е во застој.