Белорусија

Државниот секретар на Советот за безбедност на Белорусија, Александар Волфович, изјави дека работата околу спроведувањето на одлуката за распоредување на руското моќно оружје „орешник“ напредува и дека наскоро тоа оружје ќе може да биде во оперативна употреба.
– Мислам дека до крајот на годината, одлуката што ја донесоа шефовите на нашите држави практично ќе биде спроведена и операционализирана. Сите прашања се разработени. Локациите на „орешник“ на територијата на Белорусија веќе се утврдени. Подготовките за планираната нарачка се во тек – рече државниот секретар на Советот за безбедност на Белорусија, Александар Волфович.
– Изјавите на украинските функционери и други лидери дека ова е бесмислица, дека ништо од ова не постои, служат за да се залажат себеси и да се надеваат дека ние го немаме тоа. Главната работа е да бидеме сигурни во нашите постапки, да бидеме сигурни во она што го правиме, дека оружјето ќе биде сигурно, пред сè, за одбрана… во случај на агресија против Белорусија – рече Александар Волфович.
Тој додаде дека непријателите не треба да се сомневаат во нивната решеност да го употребат доколку е потребно, но дека се надева дека нема да дојде до тоа.

Р.С.