Парагвајски воен офицер е убиен откако бил нападнат од елен, пробивајќи го со рог низ градите додека служел како обезбедување во претседателската резиденција во главниот град Асунсион, соопштија денеска официјални лица.
Помошникот пешадиски наредник Виктор Исаси Флеча (42) почина синоќа како последица на „повреди на рогот на тоа животно“, се вели во соопштението на воените сили на оваа јужноамериканска земја.
Станува збор за индиски елен, кој е подарен на претседателската резиденција, изјави за новинарите функционерот во Министерството за животна средина Фредерик Бауер.
Портпаролот на пешадијата Виктор Урдапилета за Ројтерс изјави дека камерите го снимиле моментот кога војникот се приближил до еленот и кога бил нападнат.
Мажот бил прогласен за мртов во воена болница. Урдапилета рече дека немало сличен напад од животни кои рутински биле чувани во претседателската резиденција, меѓу кои имало ноеви и коњчиња.