Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги окарактеризира односите меѓу Москва и Западот како „борба на световите“, додавајќи дека Русија повеќе не може да се потпира на претходно постигнатите договори со Западот, вклучително и правно обврзувачки.
– Претседателот на Русија, Владимир Путин, повеќепати изјави дека сме отворени за соработка. Но, што се однесува до нашите поранешни западни партнери, повеќе не можеме да се потпираме на договори со нив, вклучително и правно обврзувачки. Тоа е еден вид битка на световите“, рече Лавров, а пренесе агенцијата „ТАСС“.
Говорејќи за ситуацијата во Украина, шефот на руската дипломатија изјави дека западните земји се уште немаат презентирано сериозни предлози за решение на конфликтот.
– Москва секогаш нагласуваше дека е подготвена да ги разгледа сите сериозни предлози. Досега не сме виделе ваква идеја – рече Лавров.