Фото: Принтскрин

Од почетокот на годината руските војници презедоа контрола над 547 квадратни километри од територијата на новите региони на Руската Федерација – објави министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

– Групите руски војници продолжуваат да упаѓаат во системот на непријателски упоришта долж целата линија на борбениот контакт. Единиците на вооружените сили на Украина се обидуваат да се држат до поединечни линии, но под нашиот напад тие се принудени да ги напуштат своите позиции и да се повлечат. Од почетокот на годината презедовме контрола над 547 квадратни километри од територијата на новите региони на земјата – рече Шојгу, а пренесе „Гардијан“.

Тој потсети дека во изминатите две недели руската армија ја презеде контролата над населбите Новобахмутовка, Семеновка и Бердичи на Доњецката Народна Република (ДНР).

Шојгу рече дека украинските сили се повлекуваат по целата линија на фронтот. Тој е убеден дека руските војници ќе продолжат да ги ослободуваат териториите.