По затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати од парламентарните избори во Австрија. Според објавата, на прво место е Австриската партија на слободата со освоени 29,1 отсто од гласовите, што е најдобар резултат во нејзината историја.
Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто од гласовите, што е загуба од 11,1 отсто во споредба со минатите избори. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто). НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.
Право на глас на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.