Најмалку 21 лице загинале во близина на пакистанскиот планински зимски центар „МаДри“ откако облините снежни нансои взаробиле илјадници луѓе на патиштата во регионот.
– Загина најмалку 21 лица, вклучително и жени и деца, соопштила денес спасувачката служба во регионот.
Десетици илјади туристи се упатиле во областа Мари, едно од најпопуларните планиниски одморалиште северно од пакистанската престолнина Исламабад за да уживаат во панорамата и снегот кој почнал да паѓа уште во вторникот вечерта.
Според полициските процени, повеќе од 100.000 возила се регистрирани во областа, а хотелските сместувања се попилнети. Посетителите без обезбедено сместувања немале поинаква опција, туку да преспијат во своите автомобили.
Социјалните мрежи се преплавени од снимки на возила заробени во снежните наноси.
Министерот за внатрешни работи Шеик Рашид Ахнед изјавил дека илјадници возила сѐ уште се заглавени на патиштата, а властите ги повикаа вооружените сили да помогнат во спасувачките операции.
Властите прогласија вонредбна состојба во областа Мари и забрана за влез на возила и туристи во таа областа. Локалното население носи храна и покривачи за заробените во снегот луѓе.
Министерот за информирање Фавад Чудри повика туристите де не доаѓаат во Мари во округот Равалпиндиследните неколку дена. Пакистанскиот метеоролошки завод објави дека обилните снежни врнежи во областа може да потраат до неделата вечерта.