Рускиот претседател Владимир Путин постапува на нов непромислен начин во врска со инвазијата на Украина, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама во интервјуто емитувано денеска на Ен-би-си.
– Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите. Тој отсекогаш бил некој кој е завиткан во извртено, искривено чувство на неправичност и етнички национализам. Тој дел од Путин, мислам, отсекогаш бил таму. Но, она што го гледаме со инвазијата на Украина е дека тој е невнимателен на начин што можеби не го очекувавте пред осум, 10 години, но опасноста секогаш беше тука – оценува Обама.
Поранешниот претседател одби директно да одговори на прашањето дали, во ретроспектива, би постапил поинаку додека бил на функцијата, вклучително и кога Русија го анектираше Крим во 2014 година.
Наместо тоа, тој рече дека е важно „да не ја земаме сопствената демократија здраво за готово“ и „да се залагаме и да се усогласиме со оние кои веруваат во слобода и независност“.