Голем број жители на Чикаго чекале да се отворат продавниците на 1 јануари за да купат марихуана, која легално се продава за рекреативна употреба од првиот ден на Нова година во Илиноис.
Меѓу првите купувачи била заменик-гувернерката на Илиноис Џулијана Стратон, која купила гумени бонбони со марихуана.
Таа изјавила дека администрацијата на Илиноис презела важен чекор напред со легализирање на канабисот.
– Јас сум тука за да го прославам големиот ден за Илиноис – рекла Стратон, пренесува „Гласот на Америка“.
Илиноис веќе одобрува употреба на медицинска марихуана и сега е 11-та држава што дозволува продажба и рекреативна употреба.
Луѓето кои се занимаваат со легална продажба на марихуана предупредуваат дека лекот не смее да се консумира во јавноста и додаваат дека цената сега е поголема, како и за секој нов производ.
Властите на Илиноис се надеваат дека до 2022 година оваа држава ќе заработи 250 милиони долари од канабис.