Според написите на светските медиуми во Украина се случил обид за убиство на советникот на украинскиот претседател Сергеј Шефир. Неговиот возач е повреден, пренесуваат медиумите.
Повеќе од 10 истрели се испукани кон возилото на советникот на претседателот на Украина. Шефир го преживеа нападот, но неговиот возач беше повреден од истрел од огнено оружје.
“На Шефир беше пукано. Три куршуми го погодија возачот, тој се наоѓа на одделот за интензивна нега, и е во критична состојба”, изјавиле неименувани извори за локалните медиуми, пренесуваат руските агенции.